„Каменот“ е тетарската претстава што ја подготвува ансамблот на театарот. Режисер е Кристина Димитрова. Текстот е динамичен ,напишан од Мариус фон Мајенбург во 2008 година. Премиерата на претставата ќе биде многу наскоро.
– Приказната не е раскажана хронолошки, туку се преплетуваат 1935, 1945, 1953, 1978, и 1993 година и се се доловува текот на мислите, кога меморијата се испреплетува и годините сами се појавуваат по асоцијација.Тоа се приказни за модерна Германија, раскажани во жанр капиталистички реализам. Ликовите се соочуваат со спомените од фашизмот и комунизмот. Не можат да го закопаат минатото Плива грижа на совеста, преку ликовите од минатото. Каменот е откопан и стои прашањето што понатаму откако ќе дојде до соочување со злосторствата од минатото На која основа идните генерации ќе го градат свој идентитет? – вели Димитрова.
Играат, Наташа Ачански, Катерина Чакмаковска Клинческа, Димитар Ѓорѓиевски, Марија Димитрова, Јасмина Мицовска Станкоска и Илија Волчевски.