По шест последователни победи, екипата на Мега баскет во сабота (28.11.) со почеток од 19:00 часот, во спортската сала во ООУ “Добре Јованоски”, го игра најважниот натпревар сезонава. Во Прилеп гостува првопласираниот Феникс, натпревар кој може прилепчани да ги донесе на врвот од табелата во Првата лига.
Екипата на Мега баскет е мотивирана, покажа дека има карактер и дека располага со неверојатен тимски дух. Натпреварот со Феникс е шанса да се покаже сето тоа против најдобрите во лигата досега, екипа каде играат повеќемина искусни кошаркари, меѓу кои и поранешниот репрезентативец на Македонија и освојувач на четвртото место на Европското првенство, Дарко Соколов.
Да ги поддржиме максимално момците на трибината во “Добре” и заедно да се радуваме на нова победа, победа која може да ја врати прилепската кошарка во елитното друштво после долги години.

























