Во Прилеп започнаа подготовките за традиционалниот турнир во мал фудбал “Св. Никола”: 32 екипи, 2 недели фудбалска забава, 5 натпревари на ден

Општина Прилеп како покровител заедно со новоформираниот иницијативен одбор, ги започна подготовките за организација на традиционалниот турнир во мал фудбал “Св. Никола 2022”.

Турнирот ќе се одржи по пауза од 3 години, а натпреварите ќе се одиграат од 10 до 25 декември во спортската сала на основното училиште “Добре Јованоски”.

На турнирот учество ќе земат 32 екипи поделени во 8 групи, а сите детали околу средствата за котизација, наградните фондови и жребот ќе бидат познати во текот на идната недела.

Турнирот оваа година ќе понуди богата спортска програма со 5 натпревари во еден ден, а во викендите предвидени се и натпревари за најмалите, како и ревијални натпревари.

-Како покровител на турнирот “Св. Николa”, заедно со иницијативниот одбор ќе се погрижиме турнирот да се одржи во одлична спортска атмосфера и организација. Фудбалските вљубеници од нашиот град треба да знаат дека како општина повеќе пати се обидовме да го обезбедиме спортскиот храм – Универзалната сала, каде турнирот традиционално се одржуваше со години, но за жал не наидовме на разбирање од централните власти – велат од општина Прилеп.





Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.