Во прилепскиот театар “Војдан Чернодрински” се подготвува нова премиера: “Демократија” ќе биде новата претстава

-„Демократија!“ од рускиот поет, Нобеловец и добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата, Јосиф Бродски. Се работи за неговото единствено драмско дело, пишувано во бурната 1989 година. Време на рушење на Берлинскиот ѕид, обединувањето на Германија, распаѓањето на Варшавскиот Пакт и почетокот на распадот на Советскиот Сојуз. Јосиф Бродски, иако драмата ја пишува во емиграција во САД, каде што заминува прогонет од советскиот комунистички режим во 1971 година, со хируршка прецизност ги опишува состојбите. Но, исто така благодарение на неговото визионерство, со кое што се надарени најдобрите, ова негово драмско дело допира до нашето време со истата „свежина“ и актуелност како да е пишувано вчера. Политичка гротеска за една измислена земја, за едни измислени ликови, но реални проблеми кои што, се совпаѓаат со проблемите на повеќето земји од Источна Европа или Западен Балкан – вели режисерот Петрески.

Актерската екипа – Марјан Чакмакоски, Димитар Георгиевски, Ангела Наумоска, Михајло Миленкоски и Димитрина Мицкоска.

Сценограф е Зоран Николовски, музика Марјан Неќак и костими Розе Трајчевска.
Претставата е дел од годишната програма на театарот поддржана од Министерството за култура.