Три нови случаи на ХИВ/СИДА во претходните 2 години се забележани во Прилеп. Ова во изминатиот ден на прескомференција го изјави директорот на Центарот за јавно здравје Прилеп, Гоце Ингилизов.
Со посета на сите училишта во градот, прилепскиот центар ќе укажува на последиците и начините на заболување од оваа болест. Кампањата ја започнуваат од 1ви декември. Инаку во Прилеп првиот случај на заболен е регистриран во 1987г. , а вкупно има 11 случаи регистрирани до сега.