Во пожар во атарот на прилепско Мажучиште изгореле 20 декари трева и борова шума

На 05.02.2019 година во 13.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во атар на село Мажучиште, прилепско, настанал шумски пожар во кој горела борова шума.

Во 15.30 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп.

Во пожарот се изгорени околу 20 декари сува трева и борова шума.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.