Во Битола се гради подрачно училиште, нашето во Прилеп го оставивме да скапува и никој не одговараше

Во тек се градежните активности со кои се реконструира објектот во населбата „Буковски ливади“, а кој ќе биде подрачно училиште на ООУ „Коле Канински“. Во моментот се работи на зајакнување на подни плочи и кровна конструкција – информираат од Општина Битола.

Според проектот предвидени се пет училници, влезен хол со пропратни содржини, рампа за лица со попреченост, санитарни јазли, помошни простории, заеднички простории за социјализација и мала библиотека.

Градежните активности на објектот започнаа со склучувањето на договорот со изведувачот и надзорот, а вкупната површина на објектот кој ќе биде нова училишна зграда е 500 м2.

Ова е еден од проектите кој го најави градоначалникот Тони Коњановски, а активностите започнаа есента 2024 година со подготвувањето на проектната документација.

За разлика од Битола, во Прилеп во населбата “Сточен Пазар”, општина Прилеп своевремено инвестираше во современ училишен објект, кој исто така требаше да функционира како подрачно училиште. Инаку објектот беше целосно изграден во 2017 година, а новата локална власт од СДСМ потоа магично одлучи дека џабе се инвестирала милионска сума и тука нема да има училиште. Објектот се остави бувално да скапува и да се распаѓа, а со тоа да пропаѓаат и парите на граѓаните кои беа вложени во оваа училишна зграда.

Згора на тоа постојано се најавуваше одговорност, но никој досега не понесе…




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.