Храмот Св. Петка во населбата Точила во Прилеп, ги известува верниците дека во Четвртата недела по Педесетница, на 28 јуни, храмот ќе има особена чест и радост да го пречека својот духовен отец и архипастир, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, кој ќе чиноначалствува со Светата Архиерејска Литургија.
-Присусвтото на нашиот владика меѓу нас е секогаш благослов и потсетник дека Црквата е едно живо тело, собрано околу Христа и предводено од своите пастири. Затоа, ве покануваме сите заедно да се собереме во молитва, да го примиме архипастирскиот благослов и да го посведочиме единството на нашата црковна заедница. Нека ова неделно литургиско собрание биде можност за духовно укрепување, за заедничка молитва и за средба со Господа во Светата Евхаристија. Добредојдени сте сите во нашиот храм – стои во соопштението од храмот.
⛪ Храм „Св. Петка“ – Прилеп
📅 Недела, 28 јуни 2026 година
🕘 Света Архиерејска Литургија – 08:00 часот

























