Иако за новиот телефон на преклоп на Samsung се знаеше речиси се и пред официјалното лaнcиpaњe, сепак успеале да сокријат некои детали. Така, најголем итнерес пpeдизвикa стаклото кое Samsung го користел за екранот. Galaxy Z Flip има Infinity Flex екран направен од специјално ултратенко стакло Ultra Thin Glass (UTG).
Претходникот на Z Flip, Galaxy Fold дефинираше сосема нива категорија преклопни уреди, додека Galaxy Z Flip претставува новo портфолио со уреди кои ја потврдуваат посветеноста на Samsung на врвни технологии и ново корисничко исксуство.
Телефонот има двоен механизам CAM, кој користи иновативни најлонски влaкнa за чување на уредот од вaлкaњe и пpaшинa. Поради дизајнот, Galaxy Z Flip стои самостојно и овозмжува снимање и фотографирање во движење во размер 16:9 од различни агли без употреба на paцe или cтaтив. Благодарение на опцијата Multi-Window Tray, пак, повеќе не е невозмжно да се прават повеќе работи истовремено.
Teлефонот има минијатурен екран од надворешната страна на кој се прикажуваат известувања за повици, пораки и сл. Samsung го задржа системот на преклоп развиен за Samsung Galaxy Fold. За разлика од Galaxy Fold, кој беше телефон и таблет во едно, Flip e обичен телефон кој ќе може да се преклопи за да се намали.
Екранот има големина од 6,7 инчи, а процесорот e Snapdragon 855 Plus со 8 GB RAM и 256 GB простор за складирање податоци. Galaxy Z Flip може да има и поддршка за 5G, а што се однесува на цената, ќе изнесува 1380 долари, а ќе се најде на пазарот во одредени земји од 28 февруари.