(Видео) Студира на два факултети, а има просек 10: Има и совет како да се направи баланс

“Но како?!”, oва е прашањето што студентот од Ниш, Вук Бибиќ го слуша речиси секој ден, а особено од новите колеги.

Вук никогаш не се ставал себе си во центарот на вниманието. Завршил на Природно-математички факултет, кој трае 3 години, а сеуште студира на “Електро”, бидејќи студиите на овој факултет се 4 години.

– Мене ми е чудно тоа што на сите им е чудно. Планирав да го запишам “ПМФ” вонредно, а не знаев дека таа опција не постои, па морав да присуствувам на предавањата и на вежбите. Многу професори беа кореткни со мене, а имаше и такви кои немаат разбирање. Некои ми дозволуваа отсуство, а некои не, раскажува Вук за “Телеграф”.

– Тешко е, но не е невозможно. Всушност, клучот е организацијата.

– Јас не можам да замислам дури ни еден ден, а да немам социјални контакти надвор од дома. Сметам дека тоа е неопходно за да се одржи балансот. Кога на вечер би учел и би останувал дома, тоа учење ќе биде се полошо и полошо, вели тој.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.