(Видео) Проблеми за Грција: Самопрогласената Република Чемерија бара независност како Косово!

Додека Грците се занимваат со нас Македонците, со промена на нашето име идентитет, јазик и историја без притоа да постои никаква реална опасност по грчката држава од македонска страна, Албанците во Епир односно областа Чемерија основаа квази држава во која се издаваат пасоши и лични карти од самопрогласената Република Чемерија. Самопрогласената Република Чемерија има и свој претседател, Фестим Лато, пренесува Инфомакс.

Демократската асоцијација на Чамирија во јуни 2017 година ги претстави своите барања во јавноста.

– Тие бараат право на Чамите Арванитите да ја објават нивната етничка припадност,
– Враќањето на населението Чами и Арванити на териториите наследени од каде што биле протерани поради грчко-турскиот договор од 30 јануари 1923 година.
-Право да го користат албанскиот јазик како нивни службен јазик
-Враќање на имотите на Чамите и Арванитите одземено од страна на грчката влада врз основа на законот од 1953-1954.
-Право на слободно говорење на мајчин јазик и култура и религија, како и верски објекти на територијата на Чемерија.
-Право на државна и политичката организација на Чамите и Арванитите во независен државен ентитет, под меѓународно посредништво (Косово).

Тие имаат и своја аpмиja наречена УЧЧ која од видеото може да се забележи дека се разликува по плавите беретки кои ги носат нејзините војници.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.