(ВИДЕО) Поставил камера на куќата, па открил што прави сосетката во неговиот дом додека тој е на одмор

Кога Ијан Волтон од Есекс заминал на годишен одмор, поставил сигурносна камера пред својата куќа и така ја фатил сосетката Максин Џонсон како во дворот со ножици му ги сече растенијата.

Сосетката вели дека му ги исекла растенијата бидејќи ѝ го изгребал автомобилот додека се возела покрај него. Со години двајцата викале полиција жалејќи се еден на друг.

Тие имаат недоразбирања цели 8 години околу паркинг-место, а таа тврди дека тој е заљубен во неа.

Ијан тврди дека никогаш не ѝ испраќал љубовни пораки и дека нивната кавга започнала, бидејќи таа редовно му го блокирала паркинг-местото.

Кавгата повторно ескалирала кога таа почнала да се жали на грмушките во неговиот двор, а токму поради неа тој и поставил камера.