Од најголемата радост за најмалите, останаа уште ламбичките во разни бои.
Фонтаната пред Домот на културата “Марко Цепенков” во Прилеп со денови изгледа тажно и грдо.
Се чини дека надлежните немаат воопшто желба да го одржуваат она што се направило, а за кое платиле сите граѓани.
Фонтаната водено перде е омилена за најмалите и главна атракција додека шетаат со родителите низ центарот на Прилеп.