Австралиските научници за време на 3Д мапирањето на морското дно откриле гребен широк 1.5 километри, а висок повеќе од 500 метри, што го прави повисок од “Емпаер Стејт билдинг” во Њујорк која има дури 102 спрата.
Откриениот гребен се наоѓа на дното на епиконтиненталниот појас, но не е дел од Големиот корален гребен. Во горниот дел не е прекриен со тврди корали, туку со многубројни сунѓери и меки корали.
Научниците од институтот Шмит Оушн веќе неколку години го истражуваат океанот, но ова ново откритие би можело да им отвори нова работа.
Во поранешните истражувања тие имаат снимено ретки подводни организми “сифонофори”, кои можат да бидат подолги од 40 метри, но и други видови кои треба дополнително да бидат истражени, како што се црните корали или сунѓери.