Синоќа, по 27 дена исполнети со натпревари, ривалства, емоции и полни трибини, заврши 22риот Меморијален турнир „Оливер Соколов – Сокол“.Четириесет екипи беа дел од годинешното издание, а патот што започна на 1 септември кулминираше со финалната вечер на 27 септември на игралиштето „Сокол“ во Карпош 1.
27 дена фудбал, 40 екипи, полни трибини, големи ривалства и уште поголеми емоции, вака заврши 22. издание на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“, кој синоќа кулминираше со спектакуларна финална вечер на игралиштето „Сокол“ во Карпош 1.
Од првиот натпревар на 1 септември, па сè до големото финале на 27 септември, турнирот повторно го претвори „Сокол“ во центар на малофудбалските возбудувања. Финалната вечер беше вистинската круна на турнирот – исполнети трибини, гласна поддршка од публиката, жестока, но фер борба и атмосфера која потврди дека „Сокол“ одамна е многу повеќе од спортски турнир.
Во големото финале за шампионската титула се соочија Мега Лифтови и Руди Компани, две екипи кои преку групната и елиминациската фаза стигнаа до последниот натпревар. Победничкиот пехар го крена Мега Лифтови, кои станаа шампиони на „Сокол ВЛТ 2026“.
И оваа година, Видеолотарија Касинос Австрија беше партнер на Меморијалниот турнир „Оливер Соколов – Сокол“, продолжувајќи ја поддршката за настан кој со години ги обединува спортот, младите и локалната заедница.
„Благодарност до Видеолотарија Касинос Австрија за довербата, континуитетот и силната поддршка. Кога компаниите препознаваат дека спортот е важен за младите и за заедницата, тогаш не поддржуваат само турнир, туку помагаат да се гради традиција“, велат организаторите.
За Видеолотарија Касинос Австрија, поддршката на „Сокол“ е дел од континуираната посветеност кон спортот и општествената одговорност.
„Спортот создава енергија, дисциплина, тимски дух и заедништво. Токму затоа ни е особено драго што и годинава сме дел од приказната на турнирот кој со својата традиција и атмосфера ги поврзува генерациите и му дава простор на спортот да биде дел од секојдневието на заедницата“, порачуваат од Видеолотарија Касинос Австрија.





























