Бумбароски: “На градоначалникот му се заканува 3ATBOP до 2 години” – поднесена kpивична пpиjaва до ОЈО (Видео)

Oпштинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп денеска до Основното јавно обвинителство, поднесува кривична пријава против градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, за сторено кривично дело “Несовесно работење во службата” – истакна на денешната прес конференција, Гоце Бумбароски, член на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:

“Јованоски како прв човек на општината не го осигурал од штети изграденото подрачно училиште во населбата Сточен пазар, при што е директно одговорен за уништувањето и кражбите на овој објект, кој требаше да го олесни секојдневието на децата и родителите од населбите Сточен пазар и Жабино маало.

Првиот човек на општината го прекршил членот 50 во точка 15 од став 1 oд Законот за локална самоуправа, според кој е должен да ја одржува и заштитува сопственоста на општината.

За ова кривично дело во Кривичниот законик е предвидена казна затвор во траење од 6 месеци до 2 години и парична казна.

ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати ја информираше јавноста дека училиштето во населбата Сточен пазар се уништува и е мета на кражби, но градоначалникот Илија Јованоски немаше слух за тоа и остави инвестиција од 10 милиони денари народни пари целосно да се запусти.

Во ова училиште настава требаше да посетуваат 170 деца до петто одделение, но суетноста на градоначалникот Јованоски не го дозволи тоа.

Бараме Основното јавно обвинителство веднаш да реагира и да го повика Јованоски на распит.

Цели 10 милиони денари пари на граѓаните пропаднаа поради неговата негрижа и неспособност, а за тоа мора да следува одговорност”, истакна Бумбароски.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.