Близначиња родени на новогодишната ноќ, но родендени ќе слават во различна година (Фото)

Двете близначиња Ајлин и Алфредо се родија во Медицинскиот центар “Нативидад” во Салинас, Калифорнија на Новогодишната ноќ, но во период од 15 минути – едното пред Новата година, а второто во Новата 2022 година.

Алфредо се родил во 11:45ч, а неговата сестричка Ајлин на свет дошла точно на полноќ.

Нивната мајка Фатима Мадригал за медиумите изјавила: “Ова е лудо, тие се близнаци, а ќе имаат различни родендени”.

Среќната мајка и претходно родила близнаци, и тоа тројка, две девојчиња и едно момче. Таа вели дека нејзиниот син бил најмногу возбуден, затоа што добил братче.

Во Америка годишно има околу 120.000 раѓања на близнаци, што е 3% од вкупниот број на родени бебиња. Статистиките велат дека случајот на двете бебиња родени во различна година се случува еднаш во 2 милиони случаи.

Истото се случило и во сојузната држава Индијана во 2020 година, кога две близначиња се родиле во различни декади.

“Неверојатен старт на Новата година”, вака го опишува доаѓањето на свет на двете близначиња Др. Ана Абрил Ариас, која го извршила породувањето.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.