Продолжува уредувањето на уличната инфраструктура во делот кај Здравствениот дом во Битола. По завршувањето на асфалтирањето на улицата „Козара“, денеска градежната оператива работи на асфалтирање на уште две улици – „11-ти Март“ и „Панде Николов“.
Двете улици се со вкупна должина од 220 метри, а работите се дел од проектот за подобрување на патната и комуналната инфраструктура во овој дел од градот.
Пред асфалтирањето, на улиците беше извршена реконструкција на водоводната и канализационата мрежа, со средства обезбедени од Министерството за транспорт.
За асфалтирањето на коловозот се издвоени 4.487.000 денари од буџетот на Општина Битола, додека за поставувањето и подобрувањето на уличното осветлување се обезбедени дополнителни 1.586.392 денари.
Со реализацијата на овие активности се очекува жителите и корисниците на улиците „11-ти Март“ и „Панде Николов“ да добијат поквалитетни и побезбедни услови за одвивање на сообраќајот, како и подобрена комунална инфраструктура.




























