Битолчанец се обидел да ограби канцеларија за брзи кредити со пиштол, не успеал, па завршил со лисици

-СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.Ѓ.(36) од Битола поради основано сомнение за сторено кривично дело “разбојништво во обид”. На 16.05.2026 во 01:00 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода М.Ѓ. и при извршен претрес со Наредба од основен суд Битола во неговиот дом бил пронајден и одземен пиштол.

Според пријавеното, истиот на 30.04.2026 во 18:10 часот во канцеларија за кредитирање лоцирана на ул. „Столарска” во Битола се обидел да изврши разбојништво со закана со огнено оружје , но не успеал и се дал во бегство, информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.