Футсал екипата на СОУ “Ристе Ристески – Ричко” го заврши својот настап на Европското првенство во Бања Лука, освојувајќи го високото седмо место.
На натпреварите учество зедоја најдобрите 15 училишни екипи од цела Европа, а прилепската екипа покажа како се бори за училишниот дрес и за македонските бои на секој натпревар.
-Пласманот меѓу најдобрите седум на континентот е резултат на извонредниот турнир кој го одиграа нашите футсалци. Учениците од „Ричко“ беа вистински амбасадори на нашето училиште и достоинствено ја претставија Македонија на европската спортска сцена. Ова седмо место за нас е повеќе од обичен резултат – тоа е чист доказ за огромниот талент, напорната работа и светлата иднина што ја има нашето училиште и македонскиот спорт, велат од училиштето.
Зад овој историски успех стои силен тимски дух, предводен од нашите ученици и професори:
Тимот на теренот: Виктор Анѓелевски, Мартин Деркоски, Теодор Героски, Ведран Магленски, Леонид Митрески, Димитар Оклески, Давид Паскоски, Андреј Петрески, Бернис Селимоски, Бруно Стефаноски.
Тренери: Илија Ангелески (тренер) и Христијан Митрески (помошен тренер)и
Димитар Здравески (судија).
Успехот не е случајност, тој е резултат на напорна работа, посветеност и заедништво. Нашите ученици покажаа дека ’Ричко’ има европски квалитет.




























