Битолчанец остана без својот автомобил “Алфа Ромео”

Денеска (30.11.2023) во СВР Скопје било пријавено дека во 00.16 часот на ул.„Владимир Полежиновски“ настанал пожар во патничко возило „алфа ромео“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на О.Н. од Битола.

Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, а повредени лица нема.

Увид бил извршен – информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.