Ајде хумана Македонијо! Да и помогнеме на Лиде во нејзината животна биткa со мултиплekc cклepoза

-Оваа сторија не е измислена, ова е реален живот, а вие сте многу среќни запомнете и бидете секој ден благодарни. Мултиплekc cклepoза се вика таа, со која морам да живеам. Ми ги украде сите соништа постепено ми земаше се дел по дел. Толку беше брзо тоа , иако години во прашање беа, а за мене само момент кога се најдов во кревет целосно неподвижна, без нозе, без раце ,без воздух,со никаква сила, дури ни да зборувам. Во тој момент имав две опции да изберам да живеам и да се борам или да се откажам. Со мене беше и сеуште е по овој пат се додека не успееме мојата ќерка. Тогаш штотуку го запозна животот тоа дете се соочи со сурова реалност. И така двете сами со сменати улоги јас дете таа мајка тргнавме да се спротивставиме на третата што непоканета ни дојде да ни ги сруши животите “мултиплекс склероза”, вели Лидија.

-Со помош и подршка од хумани луѓе во декември ја направив првата трансплатација со матични клетки,во септември оваа година треба и втора, а веднаш ги почувствував првите подобрувања. Но, не е толку лесно, ова е долг пат и тешка борба и сега сум на рехабилитација со роботика во Ниш во Србија. Во потрага по животот, по здравјето, ние двете , ќерка ми и јас, пропатувавме многу. Јас сега кон вас упатувам голема молба, да не подржите до крај, се додека стигнеме до целта. Оваа неколку месечна рехабилитација не дели малку од успехот, додава таа.

Донирајте на броевете:

ТЕЛЕКОМ 143 121
А1 143 474

И на сметките

500600016598443
Стопанска банка АД Битола

IBAN Mk07500080003654013
SWIFT STBBMK22
Stopanska banka AD Bitola

НАШЕТО МАЛКУ НЕКОМУ ЗНАЧИ МНОГУ


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.