Ахмети: Заев ми се јавува после изјавите да ми се извини дека така кажал само затоа што сме во кампања

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети вели дека Зоран Заев, после секоја изјава против ДУИ, му се јавува да му се извини дека не го мислел тоа што го кажа и дека така кажал затоа што бил во предизборна кампања.

Тој ова го истакна во интервју во емисијата „RealStory” која се емитува на албанската телевизија “Њус24”, во однос на последните изјави на претседателот на СДСМ, Зоран Заев дека после изборите ДУИ ќе оди во опозиција, и за изјавите кај што вика дека, или ќе земе пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, или тој ќе му даде пратеници на ВМРО-ДПМНЕ за да формира малцинска Влада, само Али Ахмети да не ги уценува за неговата идеjа прв Aлбанец премиер на Македонија.

– Зоран Заев ме измори со изјави кои ги дава последно време, иако после тоа ми се јавува и ми кажува извини што кажав така, знаеш ти дека јас не мислам така, но се наоѓаме во кампања, рече Ахмети.

Тој додаде дека после изборите тие ќе ја почитуваат одлуката на мнозинството Македонци и дека ќе коалицираат со победникот од македонскиот блок партии.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.