Од почетокот на минатиот месец, благодарение на POSTBOX, компанијата за логистички услуги и достава на пратки од е-трговија, македонските граѓани конечно можат да нарачуваат онлајн од AMAZON.COM и AMAZON.DE, како и од било која друга веб продавница во САД или Европа.
Проблемите со кои досега се соочуваа македонските граѓани кои сакаа да купуваат онлајн од AMAZON, се веќе минато! Услугата за пренасочување на пратки од е-трговија на прилепската компанија POSTBOX, им овозможува на македонските онлајн купувачи да пазарат од AMAZON, но и од сите други онајн продавници во Европа и САД, и да ги добијат своите нарачки до домашна адреса.
Досега, производите од AMAZON не беа достапни за македонските граѓани, бидејќи AMAZON и голем број од другите познати веб продавници низ Европа и САД, не нудеа испорака до Македонија, со што Македонија и македонските оналјн купувачи беа исклучени од меѓународната електронска трговија на најголемите платформи за оналјан продажба. Со интегрираната услуга за пренасочување на пратки, POSTBOX им овозможува на своите клиенти да користат адреса за испорака во Германија и САД, при купувањето од AMAZON, или било која друга веб продавница, и да ги добијат своите нарачки на домашна адреса во Македонија.
Од POSTBOX истакнуваат дека нудат модерна и уникатна услуга, која нуди многу поволности за македонските граѓани, но и за компаниите кои имаат потреба од брза испорака на репроматеријали, или резервни делови кои се достапни само онлајн.
Начинот за купување е едноставен, брз и сигурен, и се што треба да направите е да регистрирате свој кориснички профил на веб страната postbox.com.mk, и веднаш да почнете да купувате онлајн од било која веб страна во Европа и САД.
POSTBOX исто така нуди и услуги за испорака на пратки во ЕУ и САД, како и услуги за увозно-извозни царински, шпедитерски и логистички формалности, со што претставува компанија-партнер за поуспешен бизнис за деловните корисници на услугите.
Сопственикот на компанијата Сашко Гегоски е прилепчанец, кој идејата за развој на бизнис моделот на кој се темели POSTBOX, ја добил во Њу Јорк, каде развил успешен бизнис во последните 20-тина години.
Одлучил да инвестира во современа платформа за пренасочување на пратки, откако голем дел од неговите деловни партнери и познаници често го барале за користење на неговата домашна адреса во САД, за да ја користат за онлајн нарачки од AMAZON, а со оглед на тоа дека производите од најголемата платформа за е-трговија во светот не се испорачуваа во Македонија.
Според Гегоски, новата услуга има неколку поволности од аспект на корисниците:
• Пред се купувачите имаат гаранција за квалитетот на производите кои ги купуваат, со оглед на реномето на продавачите и брендовите застапени на AMAZON.COM, со што онлајн купувачите од Македонија се заштитени од опасноста да купат непроверени, неквалитетни или фалсификувани производи
• Роковите за испорака се брзи, со што македонските купувачи имаат можност да ги добијат своите нарачки речиси со иста брзина како и купувачите во САД и Европа
• Услугата им овозможува на клиентите заштеда при испорака, преку можноста за плаќање на единствена услуга за поголем број на нарачки, кои како збирна испорака ги добиваат на домашна адреса во Македонија
За деловните корисници пак услугата на POSTBOX овозможува можност за брза, сигурна и навремена набавка и испорака на репроматеријали, или делови за производствениот процес, но и можност за онлајн набавка на производи, во кои македонските компании гледаат потенцијал за оналјн продажба кај нас, или во Европа.
Услугата на POSTBOX интегрира и целосни царинско-шпедитерски формалности, со што клиентите заштедуваат на време и добиваат беспрекорна услуга со целосна документација за нарачката и испораката, без непотребно губење време од страна на граѓаните или компаниите во врска со ангажман на шпедитерски компании, или декларирање на стоките пред царинските органи.
Регистриајте се уште денес и купувајте светски од AMAZON на веб страната www.postbox.com.mk!