“Алфа”: Власта ја прелажа и Атиџе – Сеуште ништо од ветувањето за вработување и поправка на куќата

Ништо од ветувањата кои протагонистката од документарецот Медена земја пред четири месеци ги доби од градоначалникот на Лозово. Ниту стана туристички водич, ниту снимаше песни, ниту пак доби нов кров на куќата во Дурфулија – oбјави “TВ АЛФА”

Oд ТВ Алфа тргнаa во потрага по одговор на прашањето дали надлежните го искористија ликот на Атиџе Муратова за ситни политички поени.

Последната одгледувачка на диви пчели која со својата скромност го воодушеви светот не беше во селото. Подолго време е во Беќирлија, раскажуваат селаните. Сега е време за роење на пчелите и таа е таму со нив. За среќа налетавме на нејзината другарка од детството. Ни кажа дека последен пат се виделе во понеделникот. Сепак црвениот тепих и Оскарите воопшто не ја промениле скромната душа на пчеларката – вели во прилогот Александра Ристевска, новинар на ТВ АЛФА.

Денеска од ТВ Алфа се обиделе да стапатво конакт и со првиот човек на општина Лозово, Ацо Велковски. Прво бил на состанок, па потоа ги замолил во порака да му напишат зошто го бараат. Одговор на прашањето кога ќе се реализират ветувањата за Атиџе од телевизијата не добиле.

Целата сторија погледнете ја ТУКА


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.