Ако не сте знaeле: Според 3aeв ние сме лидepи на Балканот, кога EУ ќе биде подготвена да ни ce jaви

Северна Македонија е лидер во сите реформски процеси на Балканот, вели во интервјуто за Дојче веле, премиерот Зоран Заев. Според него, главната битка е како да се задржат младите луѓе да не заминуваат од земјата.

„Кога (ЕУ, н.з.) ќе одлучат да ни го овозможат овој заслужен следен чекор, нека ни се јават, затоа што по 16,5 години чекање, тоа е преголема траума. Имавме 12 позитивни препораки од Европската комисија, имаме 100% успешност на реформскиот процес според последниот извештај за Западниот Балкан и највисок резултат со остварени 63% од заклучоците за реализација на Програмата за економски реформи. Ние сме лидери на Балканот. Затоа кога ќе донесат одлука ние сме подготвени, а во меѓувреме, ќе ја продолжиме европеизацијата на Северна Македонија“, вели Заев во интервјуто за емисијата „Конфликтна зона“ на Дојче веле.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.