Прилеп во Гинис: 7 кучиња скитници на метар квадратен во центарот на градот!? Село ли е град ли е ова ?!

0

Во најава нов светски рекорд. Дали Прилеп ќе се запише по трет пат во Гинисовата книга?

По сармите и џиновската перница, градот под Марковите Кули сега може да се обиде повторно, со кучињата скитници. Имено, вака денес изгледа центарот на градот, по 7 кучиња скитници на метар квадратен. Па зошто да не се обидеме нечистотијата и кучињата скитници кои ги имаме во голем број, да ги искористиме за промоција на Прилеп.

Не сакаме да судиме пред време. Можеби ова е некоја нова стратегија на Локалната самоуправа и ЈКП Комуналец.