Османи: Не ја признаваме македонската химна

Портпаролот на ДУИ Бујар Османи на емисија во регионалната косовска телевизија Коха истакна дека тие не ја признаваат македонската химна.

bujar-osmani1

Ние стануваме пред албанската химна во секоја ситуација. Ние не ја признаваме како наша химната на Македонија затоа што не ја рефлектира албанската заедница тука во Македонија како втора по големина, вели Османи.

Слична изјава пред извесно време во медиумите се појави и на Зијадин Села кој истакна дека никогаш не станува на македонската химна затоа што Албанците не гласале за неа.

-Никогаш не сум станал на нозе за македонската химна. Затоа што, Македонија ја прогласи својата независност врз база на анексирање на правата на една третина од жителите. Како да почитувам една национална химна која Албанците не ја гласале, првиот албански парламентарен состав од 1992 година не го гласаше овој Устав, не го гласаше ниту знамето, ниту химната, одговори тогаш Села.

Османи досега неколку пати во телевизиски гостувања истакнаше дека Албанците не ја прифаќаат химната на Република Македонија и бараат нејзина промена. Тој посочуваше дека лидерот на СДСМ Зоран Заев во целост ја прифатил албанската платформа од Тирана и прифатил разговор за промена на знамето, химната и грбот. Османи рече дека СДСМ и Зоран Заев се согласиле за сите прашања од платформата за кои не треба промена на Уставот и двотретинско мнозинство. За прашањата кои бараат двотретинско мнозинство како промена на химната, знамето и грбот се бара започнување на дијалог со цел да се изнајде конечно решение.

 Извор: kurir.mk






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.