Четврток за after work и ladies night, петок подгответе се за енергична забава, а сабота големо финале за крај на октомври – Ова го може само најдобрата ТЕРАСА во Прилеп

Кога станува збор за врвна забава, добра музика и незаборавна атмосфера во срцето на Прилеп, на врвот непоколебливо стои Pub Club Terasa. Само најдобрата Тераса во Прилеп знае како да го претвори секој викенд во вистински музички спектакл, а претстојниот носи програма која едноставно не смеете да ја пропуштите! Заборавете на секојдневната рутина, подгответе се за три дена исполнети со енергија, одлични бендови и врвни забави.

Четврток (29.10) – After Work & Ladies Night со QR Band

Во Тераса започнува нова традиција, After Work секој четврток! По завршувањето на работниот ден, време е за опуштање, омилените пијалаци и добра музика, а за почеток е подготвена вечер со специјална понуда за дамите.

На сцената ќе настапи QR Band, новата рок атракција во Прилеп, која носи свежа енергија и рок-звук во прилепскиот ноќен живот.

Дамите овој четврток ќе имаат можност да изберат и специјална понуда од 500 денари за неограничено консумирање пијалаци. Понудата е доброволна, па секој гостин може да нарача и по редовни цени.

Почеток: 17:00 часот.

After Work is the new Friday!

Петок (30.10) – The Four и Теодора Зероска

Во петок на Тераса за првпат настапуваат The Four, бендот од Прилеп кој жари и пали низ целата држава со своите настапи!

Енергичната Теодора Зероска и маестралниот состав на The Four ќе приредат вечер за паметење, исполнета со добра музика, силна енергија и песни што ја креваат атмосферата. Домашната публика ќе има можност да ги доживее во живо на сцената на Pub Club Terasa.

Сабота (31.10) – Дарко Гроздановски за крај на октомври

За саботната вечер е резервиран настапот на Дарко Гроздановски од Битола, изведувач кој со своите настапи привлекува внимание низ локалите ширум Македонија, a гостите во Тераса имаат посебна привилегија се’ почесто да уживаат во неговите настапи.

На 31 октомври, Тераса го заокружува месецот со музичка вечер за сите што сакаат добра забава и одлична атмосфера.

Почеток: 21:00 часот
Влезница: 300 денари
Настанот е наменет исклучиво за лица над 18 години

Резервации и информации: 070-304-967

Три вечери, три различни музички приказни и едно место за добро дружење – Pub Club Terasa во Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.