Целовечерен концерт на хорот “Св. Кирил и Методиј” во Прилеп

Во вторник 25.06.2019 во 19.30 часот во кино “Мис Стон” целовечерен концерт ќе одржи младинскиот хор „Св. Кирил и Методиј“ од Велес. Диригент Веселинка Маџарова. Концертот е во рамките на Прилепското културно лето.

ПОРТФОЛИО за Хорот

Детско младинскиот хор „Св. Кирил и Методиј” е формиранво 2012 год.во рамките на Здружението за дејности од уметноста и културата ,,Артокарина‘‘ – Велес. Со развојот на хорот и напорната работа, тој доби на квалитет во изведба на хорски компизиции од различен музички карактер.

Иако хорот има седум години од неговото формирање, за квалитетот и прогресот на хорот зборуваат и меѓународните награди кои се добиени во последните четири години. Хорот настапува на манифестации организирани од општина Велес и други општини, манифестации организирани од невладини и хуманитарни организации исто така хорот повремено учествува во Светата Божествена Литургија.

Хорот е најмлад хор во Македонија кој учествува на Светата Божествена Литургија кој има обемен репертоар на композиции од различен карактер и обемна концертна активност.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.