Претставници на компаниите Manderley од Холандија, како и Кули и Карма Бела од Македонија, ја посетија прилепската болница “Борка Талески”, а причината за нивната посета е повеќе од благородна.
Компаниите беа наградени од Schijvens како најдобри добавувачи, при што освоија награда во износ од 2.580 евра. Овие средства беа хумано донирани за набавка на детско ЕКГ за потребите на Детското одделение во прилепската болница.
Од болницата упатуваат искрена благодарност за нивната хуманост, поддршка и општествена одговорност. Со вакви дела заедно придонесуваме за подобра здравствена грижа за најмладите пациенти.


























