Кога зад едно име стојат долгогодишно искуство, традиција и посветеност на гостите, тогаш секоја новина е уште еден чекор напред. А токму таква приказна раскажува хотелот „Кристал Палас“ во Прилеп, пионер во современото хотелиерство во градот, кој со години гради препознатливо име и углед не само во Прилеп, туку и на хотелиерската карта на Македонија.
Во рамките на хотелот ве очекува и ресторанот кој нуди разновидна гастрономска понуда, во која се спојуваат традиционалната македонска кујна и современите интернационални специјалитети.
Тука би ја издвоиле и надалеку познатата телешка чорба на која никој не останал рамнодушен. Ресторанот е идеално место за секојдневни оброци, деловни ручеци, семејни собири и пријатни моменти со вашите најблиски.
Со долгогодишна работа во угостителството, Хотел Кристал Палас претставува препознатливо име во Прилеп, изградено врз темелите на професионалноста, квалитетот и посветеноста кон своите гости.
Хотелот Кристал Палас располага со неколку конференциски сали наменети за одржување деловни состаноци, семинари, презентации, обуки,конференции, едукативни активности и корпоративни настани.
Денес, со целосно реновиран објект, освежен изглед и современо уреден ентериер, ви нудат ново доживување, задржувајќи го она што отсекогаш ги издвојувало – топлото гостопримство, внимание кон секој гостин и квалитетна услуга.
Хотел Кристал Палас располага со современо и конфорно уредени соби, создадени да ги задоволат потребите на домашните и странските гости. Сместувачките капацитети нудат функционалност, удобност и пријатен амбиент. На гостите им се достапни и бесплатен приватен паркинг, брз интернет и богат појадок на шведска маса.
Без разлика дали го посетувате Прилеп поради деловни обврски, патување или одмор, во хотел Кристал Палас ќе пронајдете простор за вистинско уживање и релаксација.
Мисијата на хотел Кристал Палас е секоја посета да биде исполнета со удобност, внимание и квалитетна услуга. Со спојот на долгогодишното искуство и современиот пристап, продолжуваат да создаваат амбиент во кој секој гостин се чувствува добредојдено.
26 години искуство, нов изглед и истата посветеност кон гостите!
Хотел Кристал Палас – Прилеп! Ве очекуваме !

































