Федерер најави крај на кариерата?

Најтрофејниот гренд слем шампион на сите времиња, Швајцарецот Роџер Федерер, за прв пат отворено говореше за крајот на кариерата.

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер најави кога и дефинитивно ќе соопшти дека ја завршува кариерата!

Тој потврди дека ќе игра до Вимблдон наредната година, но веројатно ќе стави точка на својата дводецениска трофејна сага на АТП.

“Одлучив да играм до Вимблдон. Сега размислувам и наскоро ќе одлучам дали ќе играм и во Токио (Олимписките игри), но за тоа веќе зборував со тимот и ги прашав што мислат. Исто така разговарав и со сопругата Мирка и дефинитивно ќе одлучам во наредните неколку недели”, вели Федерер, пренесува Тенис365.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.