Учениците од ООУ “Блаже Конески” Прилеп уживаат на часовите по историја: Редок пример кој треба да го следат сите просветни работници (Фото галерија)

Пишуваат ученици од VII одд при ООУ ,,Блаже Конески”-Прилеп

На 25 април 2026 година под водство на наставникот по историја Горјан Василевски изведовме прекрасна теренска настава по историја.

Прво стигнавме во манастирот Св. Богородива Елеуса (Милостива) во струмичкото село Вељуса кое е расположено на падините на планината Еленица. Натавникот ни одржа предавање за историјата на манастирот кој бил изграден во 1080 година од струмичкиот епископ Мануил.

Потоа ни ја покажа прекрасната фреска од Исус Христос кој е насликан како дете. Во дворот на манастирот наставникот ни ја предате Беласичката битка (1014) во која се судриле војските на цар Самуил и византисјиот император Василиј II. Во оваа битка царот Самуил бил ранет, него го спасил неговиот син Гаврило Радомир кој го качил на коњ и го донел во Прилеп. Интересен е податокот кој ни го кажа наставникот, дека токму во 1014 година за прв пат бил спомнат градот Прилеп.

Од селото Вељуса се упативме во Водоча и го посетивме прекрасниот манастир посветен на Св. Леонтиј. Наставникот ни одржа предавање за историјата на манастирот кој бил обновен во времето на цар Самуил. Според легендата, ослепувањето на самуиловите војници било токму во селото Водоча и дака селото го добило името. Наставникот ни одржа прекрасно предавање За Светите Браќа Кирил и Методиј кои за време на Брегалничката мисија во 855 година го создале словенското писмо Глаголица. Со создавањето на глаголицата, Светите браќа создали и нова цивилизација покрај латинската, хеленската и хебрејската.

Од селото Водоча, го посетивме вечниот дом на Струмичките студенти кои неправедно и без никакво судење биле стрелани во 1951 година. Струмичките студенти биле интелектуалци кои се бореле за создавање на демогратска и независна македонска држава.

Теренската настава ја завршивме со посетата на црквата посветена на Светите Тивериополски Свештено маченици кои за христовата вера маченички пострадале во времето на царот Јулијан Апостат во 361 година.

Теренската настава ни ги збогати знаењата и се што наставникот, прекрасно ни предава во училница, ние можевме да го доживееме и да ја почувствуваме македонската историја и култура која треба да ја збогатуваме и негуваме за идните генерации.

Целта на ваквите екскурзии е учениците одблиску да се зазпознаат со сведоштвата на нашата поблиска и подалечна историја, и само вака на најдобар начин може да се пренесе знаењето и истото да остане во трајна меморија кај најмладите.

Секоја чест за наставникот, и порака до сите просветни работници, следете го ваквиот пример!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.