Уапсен заменик-директор во Царинската управа, осомничен дека зел мито од над 15.000 евра

Вработен во Царинската управа како заменик-директор на Секторот за администрација, е уапсен откако побарал мито од над 15 илјади евра поврзано со тендер во Царинската управа, јави Курир.мк од каде го објавија името на осомничениот.

МВР, преку Бирото за јавна безбедност, обезбедило обележани парични средства кои му биле предадени на осомничениот. По преземањето на парите, осомничениот не застанал на полициските наредби и се дал во бегство. По преземените мерки и активности, полициските службеници го фатиле и го лишиле од слобода.

Ова е конкретна борба против криминалот и корупцијата. Законот мора да важи подеднакво за сите, без разлика на функцијата и позицијата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.