Уапсен 30-годишник кај прилепско Беровци: Во автомобилот носел голема количина рубини, минерали и голема сума пари

-На 09.11.2026 во 23:10 часот во с.Беровци, прилепско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Старавина при РЦ за ГР Југ го лишија од слобода К.С.(30) од Скопје.

При контрола на патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 61 парче минерален камен во различна големина, 59 парчиња македонски рубин, едно парче амазонит, едно парче титаниум оксид, марихуана, 489720 денари во различни апоени и 10 банкноти по 200 евра.

Лицето е задржано во ОВР Прилеп и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.