ТРИ ДЕЦЕНИИ ОД УСПЕХОТ НА ЖРК ТУТУНСКИ

Точно 30 години минаа од големиот успех на некогашниот ЖРК Тутунски комбинат. Историска се сметаше сезоната 1987/88. Крунисана беше со пласман во Втората југословенска лига.

Во борбата за првото место беше надминат најлутиот ривал, Ѓорче Петров од Скопје, подоцна европски шампион. Од овој тим во Републичката лига на Македонија беше доживеан единствениот пораз. Но, затоа на реваншот во салата Македонија го доби со високи 12 гола разлика.

Мечот го следеа близу 4000 гледачи. Тутунски беше воден од тренерскиот тандем Петар Кузманоски Таста – Влатко Кузманоски Лара. Настапија ракометарките: Цвтаноска, Павлоска, Стојаноска, С. Наумоска, Лозаноска, Атанасоска, Митеска, Воиновиќ, Паниќ, Смилеска, Белческа, Б. Наумоска, Митреска, Магдеска, Талеска и Базеркоска.

Екипата беше југословенски второлигаш во наредните четири години, до распадот на СФР Југославија.

Извор: “Зенит”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.