По повод одбележувањето на 3 Ноември – Денот на ослободувањето на Прилеп, се доделуваат општински награди на поединци и институции за нивниот придонес и постигнувања, а оваа година Комисијата при Советот на општина Прилеп одлучи да ги награди следните поединци и субјекти:
НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО
• Илија Димоски – Шаторо, прв претседател на Општинското собрание – Прилеп во плуралистичкиот демократски период.
НАГРАДИ – ПЛАКЕТИ
• Црковен хор при црквата „Св. Петка“ – за активно учество во парохискиот богослужбен живот и духовната дејност на храмот.
• Винарија „Сарика“ – за одгледување винова лоза и производство на автентично вино.
• НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп – по повод 65 години од Меморијалниот музеј „11 Октомври“.
• „Витаминка“ – по повод 70 години постоење.
НАГРАДИ – ДИПЛОМИ
• Никола Здравески – добитник на златен и сребрен медал на Светската олимпијада по географија.
• Кирил Петрески (постхумно) – за долгогодишната работа како драматург и режисер во Театарот „Војдан Чернодрински“ – Прилеп.
• Благица Чатлеска – наставник по англиски јазик во ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп.
• Димитар Димитриоски – прилепски ракометар и најдобар стрелец во ракометната
























