Тешка cooбраќajка на патот Прилеп-Градско

На 03.12.2019 во 10.00 часот на патот Градско – Прилеп, на место викано „Фариш“, се случила сообраќajна незгода помеѓу патничко возило ,,форд“, со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(65) од Битола и патничко возило „киа“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(37) од Кочани.

Во незгодата со тешки телесни повpeди се здобил сопатникот во патничкото моторно возило „форд“, Г.К.(42) од Битола, кој бил пренесен во Општата болница Кавадарци за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од екипа од Полициска станица Кавадарци.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.