Сточен пазар, Жабино Маало и Тапани најавија дека СДСМ ќе изгуби 4:1 таму? (Фото)

За СДСМ Прилеп, граѓаните од населбите Тапани, Сточен Пазар и Жабино Маало, застанале на исправниот пат, патот кој носи нови уште повисоки пати за сите, нови работни места, повисоки пензии и повеќе пари во нивните семејни буџети.

Но, според фотографиите кои ги објавија на социјалните мрежи, воопшто не изгледа така.

По десетина луѓе од трите населби ги слушале говорите на кандидатот за пратеник Миле Талевски, градоначалникот Илија Јованоски и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Значи ли ова дека СДСМ го чека голем пораз во овие три прилепски населби?




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.