Следен пат кога сте во Крушево, поздравете ги! Крушево не е само дестинација – Крушево се луѓето, нивните приказни, спомени и традиција

Кога ќе стигнете во Крушево, можеби прво ќе ги забележите старите куќи, тесните калдрми, природата која остава без здив и погледот кој се памети. Но, вистинската приказна на овој град не е само во местата, туку во луѓето кои му ја даваат душата.

Токму тоа е идејата зад кампањата на А1 Македонија за овогодишното издание на фестивалот When in Krusevo, да го претстави Крушево преку неговите жители, нивните животни приказни, спомени и љубовта кон градот.

Зад секоја улица, секоја куќа и секој познат крушевски пејзаж стои некоја приказна. Приказни на луѓе кои ја чуваат традицијата, го пренесуваат духот на градот и секојдневно покажуваат зошто Крушево е едно од најпосебните места во Македонија.

Од луѓето кои со години ги градат своите професии, преку оние кои ја чуваат културата и историјата, па сè до новите генерации кои носат свежа енергија, секоја приказна покажува дека Крушево не е само место кое се посетува. Крушево е чувство кое се доживува.

Затоа, следниот пат кога ќе бидете во Крушево, поздравете ги. Запознајте ги луѓето кои стојат зад приказната на градот. Зашто токму тие се причината поради која Крушево останува во срцето на секој посетител.

А дел од таа енергија повторно ќе ја донесе When in Krusevo 2026, outdoor фестивалот кој од 3 до 5 јули ќе го претвори Крушево во центар на музика, природа, авантура и дружење.

Годинава фестивалот носи уште едно незаборавно издание со бројни outdoor активности – планинарење, велосипедски тури, трчање, параглајдинг, кајак, јавање, адреналински активности, музички настапи и можност посетителите уште подобро да ја запознаат природата, културата и историјата на Крушево.

When in Krusevo одамна е повеќе од фестивал – тоа е средба со градот, со природата и со луѓето кои ја создаваат неговата атмосфера. Три дена исполнети со енергија, нови пријателства и спомени кои остануваат.

Крушево не е само дестинација.
Крушево се луѓето.
Крушево се приказните.
Крушево е традицијата што продолжува.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.