Се наѕира ли спас? Се појави идеја за нова ера во Победа!

Повторно неизвесни „облаци“ надвиснале над Прилеп и иднината на Победа. Сепак, како светло на крајот на тунелот се јавува можна иницијатива за организирање и преземање на клубот. Се најавува нова ера и продолжување на успесите од минатото.

„Постојат моменти кога минатото и иднината се среќаваат, кога нешто што се сметало за заборавено почнува повторно да дише. Наследство изградено низ генерации, пренесено низ спомени, страст и срцата на оние кои никогаш не престанале да веруваат. Можеби поминало време, и можеби тишината го презела своето место, но некои работи никогаш навистина не исчезнуваат. Тие чекаат. Тие опстојуваат. И кога ќе дојде вистинскиот момент, тие се враќаат — не за да го повторат она што некогаш било, туку за да започнат нешто поголемо. На хоризонтот се наѕира нова ера. Приказната продолжува, и овојпат, ова е само почеток“, се вели во најавата која деновиве се појави на социјалните мрежи.

Победа минатата сезона испадна од Втората лига и вторпат во својата историја по осамостојувањето ќе игра во третиот ранг на натпреварување.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.