Општина Битола и фестивалот „Илинденски денови“ кој е дел од „Бит Фест“ Ве покануваат на еден од највпечатливите настани на овој фестивал Фолклорното дефиле-со песна и игра низ битолските улици.
Стотици учесници од земјата и светот ќе продефилираат низ Широк Сокак, носејќи ја убавината на фолклорот, музиката и културното наследство.
Почетокот на дефилето е денеска во 18:30 часот од плоштадот „Магнолија“.
























