Само за промена на масло 25.000 долари: Ова е Bugatti Veyron, а еве колку чини да се поседува ваков автомобил (Видео)

Претходникот на Chiron и ден денес за многумина е еден од најпосакуваните автомобили.

Цената на Bugatti Veyron повторно расте, а во едно друго време можеше да се добие за прилично разумна цена, скоро колку еден „обичен“ суперспортски модел. Факт е дека за оние со длабоки џебови тоа всушност и не претставува проблем. Сепак, вистинскиот предизвик е и самата сопственост на автомобилот. Покрај исклучително скапата полиса за осигурување, трошоците за одржување одат до небо, без разлика дали го возите автомобилот или не.

Можеби знаете, но само замената на масло која е комплексна работа чини околу 25.000 американски долари, што е на ниво на цена на многу солиден нов компактен автомобил.

Покрај промената на маслото, тука е и неопходното менување гумите на секои две до три години. Тоа се уште 38 000 долари. По 16.000 поминати километри, треба да се променат и фелните, а тоа се дополнителни 50.000 долари.

Погледнете го видеото во прилог и ќе ви стане појасно.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.