Прилепчанец прави пици со љубов, големи, богати и по цени кои одговараат секому – Денеска мора да пробате!

Добрата пица не се препознава само по изгледот, туку по вкусот што те тера повторно да ја посакаш. А кога на тоа ќе се додадат богати состојки, одлично тесто, големи порции и цени што одговараат на сечиј џеб, добивате комбинација на која тешко се одолева!

Токму таква понуда подготви Gyro Street во Прилеп, каде што Саше Темелкоски, прилепчанец со повеќе од 20 години искуство во угостителството, на препознатливото гиро му додава уште еден гастрономски адут, ново мени со вкусни и богати пици за сечиј вкус.

Љубовта кон храната и долгогодишното искуство се чувствуваат во пристапот кон подготовката. Целта е едноставна, секоја пица да биде вкусна, добро подготвена и доволно богата за вистински да уживате во секој залак.

Во понудата ќе ги најдете омилените класици како Маргарита, Капричиоза, Мови, Пеперони, Фунги и Везувио, но и Кватро формаџи, Туна, Вегетаријанска и Мексиканска пица. За оние што сакаат да пробаат нешто поинакво, тука се и Гиро пицата и House пицата, интересни комбинации што се надоврзуваат на препознатливиот вкус на Gyro Street.

Без разлика дали сте љубител на пица со многу сирење, преферирате месни додатоци или сакате полесна, вегетаријанска варијанта, изборот е разновиден. А она што особено привлекува внимание е тоа што пиците се големи, богати со состојки и со пристапни цени – идеални и за брз оброк, и за споделување со семејството или друштвото.

Новото мени не застанува тука. Во понудата на Gyro Street има и печени сендвичи, пастрмајлија и топено сирење, па секој може да си го избере омилениот оброк.

Саше ја гради својата приказна со идејата дека добрата храна не мора да биде луксуз. Потребни се квалитетни состојки, посветеност и љубов кон она што го работиш – а задоволните гости се најдобрата потврда дека си на вистинскиот пат.

Ако досега сте го посетиле Gyro Street поради нивното гиро, сега имате уште една причина да се вратите. А ако сте во потрага по добра, голема и богата пица по цена што одговара на вашиот буџет, можеби токму тука ќе го најдете вашиот нов омилен вкус!

Gyro Street – ул. „Цар Самоил“, наспроти Економското средно училиште во Прилеп

Нарачки на: 078 533 692

Gyro Street – голем вкус, богата пица и задоволство во секој залак!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.