Еден од најпознатите тренери за развој на индивидуални кошаркарски вештини во Европа, прилепчанецот Ивица Јаковлески, имаше уникатна можност да работи со светски познатиот НБА тренер Ганон Бејкер.
На заедничкиот тренинг, Јаковлески и Бејкер ги демонстрираа вежбите и методите на работа кои ги користат најдобрите кошаркари во светот и Европа, со посебен акцент на развојот на индивидуалните способности, техника и кошаркарски детали.
Дел од оваа престижна кошаркарска приказна беше и младиот талентиран прилепчанец Сергеј Стрезоски, кој заедно со Јаковлески имаше можност директно да учи и да работи со еден од најценетите тренери во светската кошарка.
Ганон Бејкер е име препознатливо во НБА круговите, тренер кој има работено со голем број светски кошаркарски ѕвезди, а можноста да се сподели паркетот со него претставува ретка привилегија.
За Прилеп и за македонската кошарка ова е уште една потврда дека квалитетот и знаењето од нашиот град се препознаваат и надвор од границите.
Ивица Јаковлески продолжува да го гради своето име како еден од најдобрите тренери за развој на млади кошаркари, а ваквите соработки се голема чест и признание за него, но и за спортот во Македонија.
























