Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Прилеп

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ, ќе остварат средби со граѓани и ќе дадат изјава за медиуми во следните населени места:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска ќе го посети Прилеп. Посетата му започнува со средба со млади во клубот „Калипсо“ точно на пладне.

Во 12:45 часот ќе го посети штандот на ВМРО-ДПМНЕ во паркот на Револуцијата, а предвидена е и изјава за медиуми во 13:15 часот.

Во 13:20 часот ќе оствари средба со просветни работници во Амфитеатар на Могилата на непобедените. Мицкоски денеска ќе ја посети и општина Кривогаштани (17:00), општина Крушево во (18:30) часот, a потоа со почеток од 20:30 часот ќе се обрати пред граѓаните на плоштадот “Александрија” во Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.