Прекрасна прва вечер од фестивалот “Битолски чалгиски денови” во Старата битолска чаршија, вечерва програмата продолжува

Синоќа, Старата битолска чаршија блесна во фестивалски амбиент и за првпат заживеа во ритамот на чалгијата.

Со настапите на „Чапче и Тајфата“, „Филип Шурбевски Езгија квартет“ и „Мерак Чалгии“, со Димитар Андоновски и Бојан Стојков, започна првото издание на „Битолски чалгиски денови“ – фестивал кој ја враќа чалгијата во срцето на Битола.

Вечерва, програмата продолжува.

Во 18:00 часот, Широк Сокак ќе биде исполнет со фестивскиот дух преку пајтонско дефиле, кое низ препознатливиот битолски амбиент ќе го најави вториот фестивалски ден.

Од 20:30 часот, во Старата битолска чаршија повторно настапуваат „Чапче и Тајфата“, а во 22:00 часот следуваат „Љубојна“ и Битолскиот чалгиски оркестар.

Битолски чалгиски денови е првиот фестивал посветен на чалгијата во Битола, кој се одржува во рамките на Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“, во организација на Културно – информативниот центар, со поддршка од Општина Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.