Први фотографии од местото на нecpeќата: Се cpyши авион на српската армија

Загина пилот на авион МиГ-29 на српската армија, откако леталото се урна во поле помеѓу Нова и Стара Пазова, објави Радио телевизија на Србија по добиена потврда за оваа информација.

Авионот бил МиГ-29, припаѓал на 204-та воздухопловна бригада, стационирана на аеродромот Батајница.

Припадници на српската армија, полицијата и воената полиција, како и пожарникари и екипи на брза помош, се наоѓаат на местото на несреќата.

Во моментов нема официјални информации за причината за падот на авионот.

Министерството за одбрана сè уште не се огласило за несреќата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.