Потпишан договорот за изградба на експресниот пат Градско – Прилеп

potpisan-dogovor-1-640x427

Во наредниот период ќе започне изградбата на експресниот пат Градско – Прилеп. Потпишан е договор со Шпанската компанија Констракшн Рубау која ќе ја гради првата фаза од патот и тоа од Фаришка до Дреновска клисура во должина од 10 километри. Договорот е вреден 31, 8 милиони евра. Изведувачот има рок од 24 месеци да ја заврши изградбата на оваа делница.

Според проектот, патот ќе биде во широчина од 12, 4 метри, со по две ленти од по двете страни со широчина од 3, 5 метри  и 2, 5 метри.

Изградбата на овој пат од Градско до Прилеп ќе се изведува во три фази. Втората фаза ќе се гради од Градско преку Росоман до клучката Кавадарци во должина од 16 километри. Третата фаза се планира да започне од месноста Тројанци па се до влезот на Прилеп во должина од 7, 5километри.

Во исто време се потпиша и договор за реконструкција на регионалниот пат Кочани – Делчево, во должина од 30 километри. Инвестицијата за целосна рехабилитација на оваа делница изнесува 6 милиони евра. На овој пат се очекува градежните работи да започнат во наредниот период. Изведувач на овој проект е домашната компанија Гранит.

potpisan-dogovor

Оваа година покрај овие два патишта за кои веќе се склучи договор ќе започнат со изградба на уште 4 нови експресни патишта и тоа: Штип – Кочани, Штип – Радовиш, Охрид – Пештани, Ранковце – Крива Паланка со вкупна должина од 104.5 километри и инвестиција со проценета вредност од околу 247 милони евра, како и реконструкција на уште пет регионални патишта.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.